Мицкоски: Проблемот со превозниците е во договорот, тендерот за набавка на нафта

Состојбата со ЈСП и приватните превозници како и сообраќајниот хаос кој денвове се случува во Скопје го коментираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски , кој вели дека  премиерот Ковачевски и Арсовска имале тајни состаноци и пообара јавноста да знае што се договориле на истите. 

Според него проблемот е во договорот, односно тендерот за набавка на нафта. Објаснува дека тендерот за набавка на нафта во ЈСП не содржи член за рабат, тоа е попустот што го содржеле претходните договори со другите градоначалници. 

Укажувајки дека доколку рабатот е шест денари за литар нафта и доклолку ЈСП троши дневно по 25 илјади литри, тогаш ќе заштеди 2500 евра дневно, што на месечно ниво би значело 75 илајди евра.