Мицкоски: Преку релокација на средства од централниот буџет до реализација на 1200 проекти во општините
Преку политиката за поддршка на општините и релокација на средства од централниот буџет кон општините реализирани се голем број инфраструктурни проекти, дел од нив се отпочнати, дел се во фаза на изработка...Станува збор за околу 1.200 проекти, нешто до сега што се нема случено. Кога на тоа ќе се додадат и сите останати капитални инвестиции доаѓаме на навистина импресивен начин на водење и реализација на капиталните инвестиции. Тоа денеска го истакна претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој заедно со вицепремиерот и министер за трсанспорт и врски, Александар Николоски, и градоначалникот Златко Сиљаноски, извршија увид на градежни активности на реконструкција на два локални патни правца во селата Мешеишта и Волино во Општина Дебрца.

