Мицкоски: Правда и закон мора да има
Foto

Мицкоски: Правда и закон мора да има

„Овде во Струмица на плоштадот и пред споменикот Гоце Делчев ќе ја славиме победата на ВМРО-ДПМНЕ на престојните избори.“

Вака им се обрати вечерва Христијан Мицковски на средбата со жителите на Струмица на која остро го критикуваше владеењето на СДСМ предводено од Зоран Заев. Треба да се ослободиме од таа врхушка кои не потона на секое поле, го уништија земјоделството, го нема најавениот живот ниту најавените инвестиции. Го нема бројчаникот на триумфалната порта во Скопје оти го уништија правосудството.

Убеден сум дека ќе победиме не само во Струмица туку и во целата 4 ка, со спортски жаргон 3:0 или нокаут во третата рунда. На 15 јули ке му кажеме крај на криминалното вадеење на ова ненародна Влада предводена од СДСМ рече пред струмичани носителот на листата за пратеници во 4 ката Александар Николоски.

Пред струмичани зборуваа и останатите кандидати за пратеници од струмичко а коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ попладнево имаа средба и со жителите на Конче и општина Радовиш.

0 Коментари

Остави коментари