Мицкоски повикува на обединување, Филипче обвинува за лицемерие
Порака за национално обединување на евроинтегративниот пат кој дефинитивно е трнлив за Македонија испрати премиерот Мицкоски од Делчево по повод 150 годишнината од Разловечкото востание . Подвлекувајќи паралела меѓу минатото и денешницата додаде и дека историјата не научила дека државата не се губи одеднаш туку чекор по чекор и за тоа мора да бидеме внимателни во одлуките кои денеска ги носиме а во иднина скапо можат да не чинат
И додека власта обвинува за лажен патриотизам кај политичките опоненти опозицискиот лидер Ванко Филипче и денеска од партиското седиште обвини дека токму владата шири лажен патриотизам бидејќи ако не било така ќе го поддржела нивниот закон за забрана за двојни државјанства на владините функционери . Според Филипче Владата на ВМРО ДПМНЕ има двојни стандарди кога станува збор за односот кон Бугарите во Уставот и функционерите со бугарски пасоши.
И додека власта и опозицијата се докажуваат кој е поголем патриот а кој предавник во исто време предлагаат и закони за двојните државјанста , со тоа што власта предложи законско решение односно двојното државјанство да не биде дозволено за народните избраници а пак опозицијата бараше истото да важи и за владините функционери односно министри за владините функционери - но ова законско решение не помина вчера а заврши и мјаукање во собраниската сала каде се дискутираше.

