Мицкоски повика на протест: Прифаќањето на предлогот значи бугаризирани да влеземе во ЕУ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕХристијан Мицкоски на денешната прес конференција рече дека предлогот кој е на маса, и кој владата го криеше, а до кој дошле по наши канали, веќе еднаш бил одбиен. Вели дека овој предлог ги содржи сите бугарски барања и во делот на историјата, и во делот на јазикот, и во делот на идентитетот.
- Прифаќањето на ваквиот предлог подразбира целосно право на Бугарија да менува учебници и да ги пишува согласно бугарскиот диктат, а нашите деца во основното образование да учат според бугарскиот диктат или нема европска иднина. Прифаќање дека Гоце Делчев, дека Даме Груев, дека Јане Сандански и останати херои и револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како владата Ковачевски, Османи и Маричиќ ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со целиот мој дигнитет и име, дека не ја говори вистината или да бидам подиректен ве лаже. И затоа имаме какафонија од предлози, два документи, два процеси, сменети зборчиња, семантичка инверзија кои владата ни ги покажува за успех. Еве ви кажувам дека лажат и манипулираат. - рече Мицкоски.

