Мицкоски: Повеќе нема ништо на маса, освен избори, за власта избори не се решение

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги прекинува сите официјални комуникации со власта. Повеќе нема да има средби на билатерално ниво, истакна денеска во Штип, преседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, според кој единствена тема на која може да преговараат со власта е предвремени парламентарни избори.

Оваа одлука е донесена деновиве на Извршниот Комитет на партијата. Откако вчера премиерот Ковачевски најави дека за две недели уставните измени влегуваат во собраниска процедура, Мицкоски денес со став дека не е оптимист и за уставните измени, бидејќи како што вели, цела година има одложување на процесот. Меѓутоа, што велат од СДСМ?

- Во наредните две недели, амандманите на Уставот ќе бидат разгледани од страна на Владата и јавно објавени. Потоа што ќе бидат доставени до Собранието, по што ќе следи и процес на дискусија согласно собраниската процедура. - одговорија од СДСМ.

Инаку, за ставот на Ковачевски, дека оваа есен нема да има избори, опозицискиот лидер порача да му се даде време на времето.