Мицкоски планира да стигне до „Бадинтер“ преку - нови преконструирање во Собранието

Ќе има ли  преструктуирање на парламентарното мнозинство но и каква ќе биде најавената реконструкција на влада. Какви ќе бидат евентуално новите контури на владиниот состав пост локалните избори а кои ги најави  и вчера премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Во трката но и потрагата за бадентер од владата оптимисти но не одгововрија дали има и такви на кои ќе им се заблагодарат за досегашната соработка но и доколку тоа се случи кој ќе дојде на нивно место како што беше случај и со кандидатот од Вреди во Брвеница .  

Мицковски не сакаше да коментира за поддршката која во некои општини ја очекуваа од коалицискиот партнер Вреди а не ја добија но вели сето тоа ќе биде предмет на дискусија престојниот период.

ТВ 24 разговараше и со координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицески но во краток разговор само посочи дека се уште е рано да се дискутира за евентуални преговори  и преструктуирања а фокусот периодов ќе им е вперен и во Буџетот . Сепак вели победата на ВМРО ДПМНЕ е голема  и може да с еочекува се .

Она што е познато е дека на тројца пратеници од Собранието официјално им престана пратеничкиот мандат, откако беа избрани за градоначалници на Локалните избори 2025. Државната изборна комисија (ДИК) сега треба да го извести.  Собранието за новите пратеници кои ќе ги заменат испразнетите места.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска на почетокот на собраниската седница информираше дека, согласно член 8 и член 152 од Изборниот законик, со денот на верификација на мандатот градоначалник, на избраните лица им престанува пратеничкиот мандат.

 

Тројцата пратеници на кои им престана мандатот се: Бети Стаменковска-Трајковска избрана за градоначалника на Кисела Вода. Јане Мицевски  избран за градоначалник на Сопиште. Дејан Проданоски  градоначалник на Прилеп.