Мицкоски: Отфрлам секаква можност за “озаконување на Мајскиот договор”
Мајскиот договор не е подадената рака меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ иако се договорија за заедничко гласање на законот за реорганизација на влада кој му беше потребен на Мицкоски и владата која ја предводи посочи во вчерашното гостување на 24 Анализа новиот премиер.
Изјавите на Османи дека во блиска иднина ќе разговарале за озаконување на правилото победник со победник премиерот и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ вчера ги отфрли како речиси не возможни и против уставни и рече дека немале никаква правна основа бидејќи земјата не била федерација а тоа се коси со Уставот и законите.
Мајскиот договор се враќа како актуелна тема особено по двотретинското гласање на законот кој му беше потребен на Мицкоски за реорганизација на владата а за кој поддршка даде Ахмети и неговите пратеници.
Веднаш потоа екс шефот на дипломатијата Османи излезе со изјави дека комуникацијата со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе продолжи за според нив важните и неопходни прашања меѓу кои и токму ова односно правилото победник со победник да се стави во некаква законска рамка . За сега од ВМРО-ДПМНЕ велат дека единствено нешто за кое било договорено е само ад хог комисијата за правична застапеност која ќе ја набљудуваат токму ДУИ.