Мицкоски: Нудиме професионалци кои имаат обврска да спроведат кредибилен изборен процес

Следните 100 дена се суштински за да има колку толку кредибилен изборен процес - порача опозицискиот лидер Христијан Мицкоски на партиска дебата на која заедно со неговите технички министри и заменици министри кои ќе бидат дел од преодната Влада ги претстави работните активности.

Рече тие се професионални, но ги очекува многу работа, а најважно е да го консолидираат  антивладиниот глас кој ќе им обезбеди изборна победа не за реформи, туку за трансформација на Македонија.

Кандидатот за технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски како една од првите задачи на министерската фотеља најави измени на законот за патни исправи. 

Неговите партиски колеги кои ќе ги водат останатите ресори најавуваат предизборни контролни механизми за како што велат се обезбеди фер и транспарентен изборен процес.

Со исклучок на оние министерски и заменички места кои и припаѓаат на опозицијата останатите остануваат непроменети во преодната влада, со исклучок на ротацијата со која сега досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ станува прв вицепремиер, а актуелниот Артан груби останува во министерството за политички систем.