Мицкоски: Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ да стане СДСМ, а Вреди ДУИ

Засукајте ги ракавите, не чека работа, немаме 100 дена, немаме ниту 100 минути да чекаме, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и владин мандатар Христијан Мицкоски од Велес, на свеченоста по повод 34 роденден на партијата.

Мицкоски рече дека за неколку дена ќе се формира новата влада и им порача на своите сопартијци дека неуспех нема да толерира.

Не може некој да има приватни бизниси и да води државна институција, рече Мицкоски. Порачувајќи дека секој кој ќе застрани, ќе биде сменет и повикан на одговорност. Заблагодарувајќи им се на сите кои учествувале во формирањето на партијата, Мицкоски посебно ги спомена неговите претходници.

Пред присутните, меѓу кои можеа да се забележат и поранешни функционери, Мицкоски се осврна на коалицирањето со албанската опозиција Вреди, за која рече дека ниту ума дале, ниту им земале во поделбата на власта, бидејчи се додека коалициските партнери работат по закон, ќе бидат еднакви партнери. Мицкоски рече дека нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ да стане тоа што беше и е СДСМ, ниту Коалицијата Вреди да стане ДУИ.

Во 25 минутното обраќање, споменувајќи го името на земјата, Мицкоски одбегна да ја користи придавката Северна.