Мицкоски: Нашата позиција е јасна, бараме принципи и кредибилен и предвидлив процес

Нашата позиција е јасна - остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта. 

- Во изминатиот период работиме посветено на реформската агенда, на јакнење на институциите, на стабилизирање на економијата, на привлекување на инвестиции, на подобрување на јавните услуги и на создавање на систем што ќе биде поефикасен, поправеден и поблиску до граѓаните - рече Мицкоски.