Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, а завршниот чин ќе го видиме в петок
Foto

Мицкоски: Направен е договор со Мијалков, а завршниот чин ќе го видиме в петок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште еднаш денеска побара оставка од Владата, откако Сашо Мијалков, за кого се тврдеше дека е во бегство, се појави во обвинителството за да го земе решението за домашен притвор.

- Уште еден доказ дека неспособна мафија ја води државата. Оставка веднаш!, напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук, по објавувањето на веста дека Мијалков сам дошол во обвинителството.

Претходно денеска Мицкоски, по повод бегството на Мијалоков, одржа прес-конференција на која побара оставка од Владата, во спротивно најави поднесување барање за изгласување недоверба на Владата во Собранието, а ги коментираше поврзаноста на Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и улогата на Мијалков, како и на премиерот Зоран Заев.

0 Коментари

Остави коментари