Мицкоски најави жесток одговор на секој кој го прекршил законот
Премиерот Мицкоски денеска изјави дека од полицијата побарал жесток одговор за секој што го прекршил законот, се заканувал или го загрозил јавниот ред и мир во текот на вчерашните блокади на патот Битола – Ресен и во кочанско, каде што група граѓани протестираа во знак на револт поради правилата на системот „Безбеден град“.
На дел од локациите граѓани вчера палеа гуми, отпад и дрва, блокирајќи ги коловозите во знак на протест поради одземањето на возилата кои ги управувале без возачка дозвола.
Според податоците од МВР само вчера биле издадени 650 прекршоци.

