Мицкоски: Надзорот тежок 22 милиони евра за коридорите 8 и 10 д е криминал
„Овој скандал има епски размери не само во обемот на криминалот од 22 милиони евра, туку од брутално лошиот пристап од страна на Владата да објасни како прави криминал на отворена сцена. Па, тоа се обидува да го правда со тоа што ќе биле ангажирани експерти, а сите вие видовте дека станува збор за експерти од пет соседни држави, тука од соседството кои што ќе прокнижат повеќе од 22 милиони евра, народни пари“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека не очекува дека обвинителството ќе отвори случај за криминалот тежок 22 милиони евра.