Мицкоски на средба со Петков
Ќе му ги постави ли прашањата лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски на бугарскиот премиер Кирил Петков кои вчетра ги најави во 24 Анализа? Лидерот на опозицијата порача дека ако новинарите не му ги постават, прашањата според него кои јасно ќе покажат дали Бугарија ја сменила позицијата кон Македонија и повеќе не го спори идентитетот, јазикот и историјата, тоа ќе го напарви тој.
Според првиот опозиционер иако реториката од Софија е омекната, сепак нема промени во суштината.
Бугарија може да покаже дека навистина го мисли тоа што го зборува, но и дека е европска држава, само доколку спроведе барем една пресуда од судот за човекови права во Стразбур во однс на регитсрацијата на здруженијата на Македонците, вели Мицкоски. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ не гледа потреба опозицјата да има претставници во комсиите кои ги заговара Петков, но вели мора да биде информирана. Тврди дека со овој став не избегнува одговорнст.
Толку детали од денешните средби, но и она што Владата го одговорила на 5+ 1 барање на офицјална Согфија, Мицкоски очекува да слушне од премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски, остнува на ставот дека предвремени избори мора и што поскори да се договорат и затоа вели ВМРО ДПМНЕ е подгоготвена да се откаже и пржинската влада. Мицкоски вели ќе оди на средба со Ковачевски макар и изборите да не се на дневниот ред на премиерот.
Од Илинденска број 2 за тв 24 велат дека состанокот меѓу премиерот и лидерот на опозицијата што вчера го најави и Ковачевски ќе се случи. Кога не знаат уште, но велат премиерот останува на ставот за клучните прашања да има консензус со опозицијата. Потенцирата дека ќе биде во најскоро време, но дека предвремени избори не се на агендата. Му порачувата на лидерот на опзоциијата дека чекаат да му ги постави прашањата ан Петков.
„Јавноста добро знае дека Христијан Мицкоски едно зборува дома друго надвор, едно пред камери, друго зад затворени врати. Пример за тоа е неговата средба со поранешниот претседател на Бугарија, Бојко Борисов, кога рече дека ВМРО-ДПМНЕ прифаќа се, дури и на бугарски јазик. Пред посетата на актулениот претседател Петков гледаме тоа лице на Мицкоски, овој пат со нарачки до медиумите што да прашуваат. Прашањеро е дали ќе има Мицкоски храброст тој лично да го праша Петков на средбата или е силен само за пред камери?“ - СДСМ.
Опозицијата во собранието неколку пати го канеше и министерот за надворешен работи, и екс вицепремирот за евроинтеграции ги канеше на комисијата да чуе детали за преговорите со Бугарија, но ниту Османи, ниту Димитроив не се појавија.