Мицкоски на средба со канадскиот амбасадор Џајлс Норман

Претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски денеска остварија средба со амбасадорот на Канада, Џајлс Норман на која дискутираа за корупцијата, криминалот, економијата и сите актуелни случувања во земјава, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Претседателот Мицкоски ја истакна загриженоста од високиот степен на криминал и корупција во државата и слабиот капацитет од страна на владата на СДСМ за борба против организираниот криминал, укажувајќи дека изминатите шест години откако владее СДСМ државата тоне во криминал, а за тоа говорат и фактите дека високи владини функционери се обвинети за незаконито делување и крадење на државни пари, се вели во соопштението.

Во однос на македонската економија, Мицкоски посочил дека економијата е пред целосен колапс а за тоа, тој истакнал дека „директно виновна и одговорна владата на Димитар Ковачевски и СДСМ, бидејќи наместо да понуди добри економски политики кои ќе значат спас за државата и граѓаните од сиромаштија, нудат нереални и задоцнети мерки“.

 

Претседателот Мицкоски се заблагодарил на досегашната поддршката и соработка, потенцирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ како нов предводник на новата влада ќе продолжи со интензивна соработка и натамошно унапредување на билатералните односи помеѓу двете земји.