Мицкоски на Самитот Македонија 2025: Поврзување на државата за побрз економски раст
Поврзувањето е единствениот клуч за забрзување на економскиот развој, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање на Самитот 2026, во организација на „Македонија 2025“. Годинашниот самит се одвива под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“.
“Ние треба да го изградиме темелот, го немаме и тоа е суштината. Кога ќе го поставите прашањето што е предноста на државата, единствената компаративна предност што ние ја имаме со конкуренцијата во регионот и во Европа е тоа што сме место на поврзување на два важни европски коридори – Коридорот 10 и Коридорот 8, односно како да се поврзат северна со јужна Европа, односно централна Европа со Медитеранот преку Егејското море, и Јадранското и Јонското со Црното море, преку Коридорот 8. Сè друго, ако го мериме како компаративна предност, можете да го најдете кај која било конкуренција во регионот или во Европа. Ако тоа го направиме, тогаш можеме да развиваме сè. Тоа не сме го направиле”, рече Мицкоски.

