Мицкоски: На овие избори граѓаните ќе имаат избор за иднина или за поддршка на партиски функционери од СДСМ и ДУИ
Се засилува политичката реторика во пресрет на изборите. Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски вели дека на овие избори граѓаните ќе имаат избор за иднина или за поддршка на партиски функционери од владејачката СДСМ и ДУИ. Тој вели наместо да ја приближат ја оддалечија земјава од европскиот пат. Според Мицкоски секоја друга, условно кажано, трета опција или седење дома е директно гласање против државата.