Мицкоски: Лога ја урна довербата во судството
Кренар Лога ја урна довербата во судството и затоа следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да ја подобри, порача мандатарот Христијан Мицкоски, откако актуелниот министер за правда изјави дека предлогот за распуштање на Судскиот совет е лош.
Како што вели Мицковски, наместо да работи за граѓаните, Лога одлучил кадрите во Обвинителството и судството да ги најде во Зајас, а токму тоа и довело довербата во правосудниот систем да биде само 2 проценти.
Во преиод на промени во власта, Лога обелодени предлог измени подготвени од работната група - зголемување на судискиот стаж од шест на 15 години како услов за членовите на Судскиот совет од редот на судиите, зголемување на работното искуство од 15 на 20 години како услов за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието, како и воведување на изборен цензус.