Мицкоски: Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија
Поврзувањето е стратешко позиционирање и стратешка цел на оваа Влада, порача премиерот Христијан Мицкоски по увидот на автопатот Гостивар-Букојчани.
- Овие коридори, 8 и 10, се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти. Токму затоа тоа претставува наш најголем приоритет, изградбата на автопатот, изградбата на пругата, модернизацијата на брзата пруга на коридор 10 и се разбира, енергетското поврзување преку далеководи. Едниот го рестартиравме, тој е кон Албанија, со останатите соседи сме поврзани на висок напон со далеководи, зборувам за соседна Србија, Косово, Бугарија и Грција, сега останува уште Албанија. Очекувам и тој проект да биде завршен. И конечно, поврзувањето со гасната инфраструктура, прилично интензивно се гради гасоводот со Грција, рече Мицкоски.

