Мицкоски ќе се сретне со Ленче Ристовска во судница
Премиерот Мицкоски ќе се појави на рочиштето за судскиот предмет во кој обвинителката Ленче Ристовска поднесе тужба протв ВМРО-ДПМНЕ со која тврди дека партијата со соопштенија и јавни настапи го нарушила нејзиниот углед, додека пак одбраната тврдеше дека критиките не биле насочени кон неа лично, туку кон постапувањето на тогашното Специјално јавно обвинителство.
Премиерот Мицкоски како законски застапник на партијата и денеска одговарајќи на новинарско прашање потврдно одговори дека ќе се појави на рочиштето доколку нема поважни обврски.
Адвокатот на Ристоска Лазе Сандев, пак веќе посочи дека политичките партии имаат право на критика, но дека таа има граници, особено кога е насочена кон обвинител кој постапува во предмети од јавен интерес. Неговиот став беше дека судот треба да го земе предвид ограничувањето на заштитата и непристрасноста на судствотоа како што велеше
Неспорно е дека тужениот е политичка партија која ужива висок степен на политички говор, но таа симетрија не може да се искористи затоа што нападот не е кон политички изразена личност која води политичка битка туку нејзиното дејствување е во насока на заштита на имотот на државата и поради тоа, маргината на критика кон неа ужива многу поголема заштита.
Она што треба да се заклучи додаде Сандев е дека во делот на клевета постојат недокажани фактички тврдења дека таа користела службена картичка во служба на Заев и Груби. Факти кои ниту се презентирани во јавноста, ниту во оваа постапка има докази во тој поглед.“
Тужбата се однесува на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ од лани, во кое Ристоска беше обвинета дека работела во интерес на СДСМ и ДУИ. Таа бара отштета од 300 илјади денари за клевета и навреда. Ристоска беше обвинител во предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, а поднесе оставка откако тие ѝ беа одземени. Претходно побара заштита од Советот на јавни обвинители поради изјави на Мицкоски, кој ја нарекуваше „медио-критет“ и дел од „клиентелистичко-политичка матрица“. Советот тогаш оцени дека нема недозволен притисок врз обвинителката.

