Мицкоски ќе побара колективна оставка од Судскиот совет, од таму му одговрија дека самите членови одлучуваат дали ќе останат во советот
Нови потреси за правосудниот систем. Власта по серијата напади најави и иницијатива за разрешување на Судскиот совет - како прв владин чекор за реформи во судството и обвинителството.
Премиерот Мицковски смета дека треба да се зададе удар директно во чело без импровизации и импланти.
Неговата партија за многу скоро во Собранието ќе ја поднесе иницијатива за разрешување на судиите од советот кој за премиерот е дел од системот како главно упориште на корупција, неправди и разочарувања.
Додека премиерот напаѓаше, Судскиот совет на седница носеше одлуки за избор на нови судии. Првиот човек на ова тело Камбовски со умерен тон. Закон за Судскиот совет додека е во сила треба да се почитува, но за наоѓање излез од сегашната состојба подготвен сум за соработка со извршната и законодавната власт, дополни Камбовски
За опозицијата најават на власта за разрешување на Судскио совет е нова партизација и окупација. Потребни се темелни реформи на правосудството, кои треба да започнат во Собранието - посочи Филипче
„СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието. Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чуствителе сегмент.“ - Филипче.
Претпладнево на само еден ден откако Академијата на судии и јавни обвинители ги доделија уверенијата на новата генерација - Судскиот совет и Советот на јавни обвинители објавија оглас за избор на нови 50 судии и 47 јавни обвиители.