Мицкоски ќе оди на лидерската средба што ја свика премиерот

ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на лидерската средба која ја закажа премиерот Ковачевски, соопшти денеска лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.тој ова го изјави на партискиот саем кој што се одржува денес и утре во Скопје, а на којшто отчет за сработеното во изминатата една година даваат градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.