Мицкоски ќе оди на лидерската средба што ја свика премиерот
365 дена промени, 365 дена работа, посветеност и проекти, денеска и утре градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со отчет ќе го презентираат сработеното во своите општини.
Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вели дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажале разлика.
Во општините каде градоначалниците се од редовите на оваа партија вели Мицкоски, граѓаните имале општинска администрација која е на нивна услуга.
Тој во своето обраќње кажа дека ќе присуствува на лидерската средба која што ја свика Ковачевски во понеделник за како што рече да ги каже и брани ставовите на најголемата опозициска партија.