Мицкоски ќе игра со „Вреди“ и „Знам“ уште на 19 октомври, Филипче се сретнал со Таравари, од Ахмети засега нема покана
Билал Касами во Тетово, Менди Ќира во Струга, Висар Адеми Гостивар, Изет Меџити во Чаир, како и фаворите на Вреди во Теарце, Сарај, Врапчиште, Боговиње и Желино - во овие општини Христијан Мицкоски планира уште во првиот круг да ги подржи своите коалициски партнери - тројката од Вреди, за возврат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер ја очекува поддршката од Вреди и за Скопје, Бутел, Гази Баба, Крушево, Ресен и Чашка.
Мицкоски дециден дека освен со Макисм Димитриевски, како што веќе објави ТВ 24 и со вториот коалициски партнери очекува взаемна поддршка уште во првиот круг на локалните избори на 19 октомври.
За разлика од Мицкоски кој е дециден, Вреди барем официјално калкулира, дали уште во првиот круг да застанат зад фаворитите на Мицкоски. Неофијцално пак висок партикси функционер на ВРЕДИ за ТВ 24 вели дек,а бидејќи за нив овие избори се доведува нивнито опстојување во Владата, договор очекуваат уште од старт, само не прецизираат дали ќе биде официјализиран или не.
За разлика од калкулацииите на јавните настапи на Меџити, Максим Димитриевски нема дилеми. Како што веќе објави ТВ 24 пред неколку месеци зад неговата кандидатура во Куманово застанува ВМРО-ДПМНЕ, како и во скопски Центар кладе лидерот на Знам според информациите на ТВ 24 треба да пресече меѓу заменикот во енергетика Мирослав Лабудовиќ и д-р. Злате Мехмедовиќ. И ако овие две општини се фиксно одговорени, останува да виси се уште барањето за уште две општини од Старо Нагоричани и Дојран иако Димитриевски би се задоволил и со Валандово и Крушево. Официјално се најавива до крајот на неделава Димитриевски да го поддржи Орце Георгиевски за Скопје
За разлика од коалицијата на Илинденска бр 2, опозицискиот кампус барем официјално се уште игра на дистанца.
Според инфорамциите на ТВ 24 откако Венко Филипче објави дека нема да кандидира кандидати за неколку домиунатн албански општини меѓу кои Тетово, Струга и Гостивар, Сарај, Чаир, Дебар и Желино, лидерот на СДСМ се видел со Арбен Таравари кој ќе биде дел од „Националниот фронт“ на Ахмети, средба со лидерот на СДСМ Ахмети засега нема на агендата. Опозиционерите најмногу сметаат на алабански гласови за Куманово и Скопје .
Потпретседателот на СДСМ во 24 анализа не икслучи Филипче да коалицира во одредена општина со Вреди, а во одредена со ДУИ.
Локалните избори се клучни за останувањето на Вреди во власта, но и за политичкото воскреснување на ДУИ и Али Ахмети. Во македонскиот блок според анкетите извесна е победата на Христијан Мицкоски, но Венко Филипче се бори за глас поеќе на советничките листи од дебаклот на СДСМ на параламентарните за да покаже дека СДСМ со него на чело ќе опстане и има иднина.

