Мицкоски ќе бира меѓу Ковачки, Сајковски и Томовски за нов генерален секретар, потпретседателските позиции ги укинува

Нов генерален секретар и укинување на потпретседателите ова се можните промени кои Христијан Мицкоски не се исклучува да ги направи на ЦК во петок. 

Мицкоски  според висок партиски функционер нов  генерален секретар ќе бира меѓу пратеникот Драган Ковачки, акруелниот генерален секретар и пратеник Ѓорѓија Сајковски или директорот на СОЗР Ивица Томовски.Интересно е што Ковачки досега не се спомна, меѓу можните кандидидати за наследник на Сајковски, па според дел од функционероите на ВМРО-ДПМНЕ со кој комуницираше ТВ 24 во него гледата можно изненадување .

Иако велат подеднакво шанси има и Сакјковски поради победата во на локланите избори , особено победата во Кичево како шеф на изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ. Ивица Томовски пак како директор на владината служба и еден од луѓето на доверба ан Мицкоски,  кој неколкупати досега опозицијата го прозиваше за спорни тендери . 

- Кого претседателот ќе предложи за втор човек на партијата е негово дискреционо право. И одлуката е исклучиво негова и само тој знае која ќе биде одлуката. 

Освен со изборот на  генералниот секреатар, Мицкоски според инфорамциите на ТВ 24 најверојатно ќе ги изненади и потпретседателите и ќе ги збогува со нивните функции. 

- Потпретседатели ќе нема. Претседателот како што и веќе најави во пресрет на изборот на новиот претседател на ВМРО ДПМНЕ не сака да се создаде впечаток дека некого фаворизира со избор на потпретседатели“ - вели за ТВ 24 висок партиски функционер.

Сепак потпретседаѕтелската четворка Мисајловски, Муцунски, Димитриевска Кочовска и Николовски  ќе остане во највисокоотот партско тело на партијата Извршниот комитет. 

Мицкоски според информациите на ТВ 24 ќе прави и измени во раководтсвата на унијата на жени и на млади. Освен членовите по функција , ИК ќе биде и освежен , но во него ќе и мнозинството меѓу кои и Луке Галевски , Антонио Милошоски, Никола Мицевски. Христијан Мицкоски беше избарн за лидер на ВМРО-ДПМНЕ во декември и најави дека тоа муе с е поселден мандат на чело на партијата