Мицкоски: Ја разбирам Кос, требаше да го помине „хирингот“ на кој гласаат и европратеници од нашиот источен сосед

Фокусот на средбите кои премиерот Мицкоски ги имал со Макрон не биле само евроинтеграциите условени со уставните измени туку и економската соработка помеѓу двете земји . По средбата во Будимпешта откако Макрон пак и претходно веќе изјави дека крајно време е Европа да престане да биде вегетаријанец туку сештојад премиерот Мицкоски денеска со коментар и за Макрон но и за изјавата на еврокомесарката Кос дека Македонија мора да ги донесе уставните измени вели го разбира нејзиниот настап бидејќи за нејзиното именување требале да гласаат и бугарските претставници но и кратко порача дека крајно време е ЕУ да ги вреднува досегашните успеси на земјата наместо отворените билатерални прашања .

Од Владата пак на средбата со Макрон гледаат како потврда за кредибилитетот на власта предводена од Мицкоски а од Елисејската палата пак на францускиот претседател Макрон по средбата со премиерот излегоа со кусо соопштение дека Франција ја поддржува земјата на патот кон евроинтеграциите но дека мора да се испочитуваат меѓународните обврски .

Двајцата лидери се согласија за важноста од продлабочување на односите меѓу Франција и Северна Македонија, особено во однос на економската соработка во областа на енергетиката, здравството и транспортот. Претседателот на Републиката ја потврди и поддршката на Франција за европската траекторија на Северна Македонија. Тој посочи дека Франција ќе ги поддржи сите напори на Северна Македонија во оваа насока, притоа почитувајки ги нејзините меѓународни обврски“.

Ова го наметнува прашањето и какви ќе бидат позициите на Франција кон Македонија откако Макрон во Будимпешта им се обрати на лидерите на ЕУ дека крајно време било ЕУ да стане сештојад не само вегетаријанец бидејќи е опкружена со месојади .

Во фокусот на петтиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се одржа во Будимпешта освен за европската безбедност и војната во Украина и на Блискиот Исток и резултатите од американските претседателски избори, дел од медиумите пренесоа, дека од некои европски лидери било отворено меѓу другото и прашањето за начинот на гласање во врска со проширувањето на Унијата.

Станува збор за Предлог за напуштање на консензуалното одлучување и носење одлуки со минус еден или, пак, со квалификувано мнозинство, што според дел од медиумите, наидувал сѐ повеќе на одобрување и земал замав кај земјите членки на Унијата, поради впечатокот дека „остварувањето одредени потесни интереси ја држат во заложништво целата европска политика“.