Мицкоски: Истрагата нема да биде независна, се додека Филипче е министер
Foto

Мицкоски: Истрагата нема да биде независна, се додека Филипче е министер

- Во Македонија се случуваат пречесто пожари, пречесто се случуваат порази кои што сега чинат и човечки животи. Ако не се понесе одговорност, ако нема веднаш оставки барем од тие кои што се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако немаме независна истрага, ако немаме истрага која што ќе даде одговор на многу прашања кои што јавно ги поставив, а тоа е како може објектот да нема против пожарна заштита, како може да нема давачи кои што ќе го мерат количеството на кислород во една просторија, како може да нема дозвола за употреба, а објектот да биде во употреба, и уште многу прашања кои што ги поставив, а за кои за жал се уште нема одговори. Затоа, апелирам за малку совест, за малку морално ниво, тие кои што се најодговорни да понесат веднаш одговорност за да не ни се повтори ова, а потоа преку една независна и темелна истрага да ги констатираме вистинските виновници, кои што ќе понесат и институционална одговорност. - рече Мицкоски.

 

0 Коментари

Остави коментари