Мицкоски: Имам добро мислење за Беким Сали, но тоа не значи дека Влен ќе добие два ресора
Вреди нема да добие ресор повеќе во владата откако Изет Меџити стана градоначалник повторно на Чаир тврди премиерот Мицкоски. Во врска пак со Беким Сали кој треба да дојде на местото на Меџити премиерот само додаде дека има добро мислење за него но тоа не значи дека коалицискиот партнер Вреди ќе добие повеќе министерства, а она на што остануваат фокусирани ќе биде конгресот на 6 декември, a потоа ќе се цртаат и контурите на реконструираниот владин состав откако претходно на ниво на влада ќе се разговара и за имињата.
Одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема денеска и министерката за образование Весна Јаневска посочи дека сепак крајната одлука ја носи премиерот Мицкоски и како таква ќе ја почитува .
Мицкоски во една од последните изјави за медиумите која ја даваше посочи дека не ја исклучува можноста и за преструктуирање на парламентарното мнозинство но и дека може да се гледа во насока на евентуални разговори и за бадентерот. На последниот брифинг со новинарите и собранискиот спикер Гаши посочи дека сепак важни закони завистат од бадентерот, но дека за сега се уште нема конкретни разговори што не значи дека во иднина нема да ги има во рамките на законодавниот дом.
Во вчерашното гостување во ТВ 24 заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски исто така потсети дека до крајот на годината треба да се донесат и реформските закони процес кој поради локалните избори малце стагнираше.
Во врска со најавената реконструкција на владата од Влен веќе информираа дека Сали ќе биде прв вицепремиер кој доаѓа на местото на Меџити но не ја исклучуваа можноста и за министерството за животна средина да номинираат друг кандидат. Дали ќе успеат да го убедат премиерот Мицкоски за тоа ќе се знае по 6 декември иако Мицкоски и денеска посочи да не с еподлегнува на шпекулации и дека крајниот збор го има токму тој.

