Мицкоски: Илинден е симболот за македонската борба за слобода и темелот на државноста

Илинден е македонскиот темелник на државноста. Македонија и Илинден се две испреплетени нишки кои го означуваат идентитетот на секој Македонец, се наведува во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски .

„Пред 120 години воден од идеалот за слобода, народот во Македонија ја започна епопејата, го посеа семето на непокорот и тоа беше  крунисано со Првото заседание на АСНОМ и создавањето на македонската држава. И двата Илиндена и тој во 1903 и тој во 1944 година, оставија неизбришлив траг во колективната меморија на Македонија“, се наведува во честитката на Мицкоски.