Мицкоски: Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сочинуваат и Вреди и Знам

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сочинуваат и Вреди и Знам на Максим Димитриевски и официјално соопшти мандатарот Христијан Мицкоски.

Во вторник во парламентот ќе биде доставен предлогот за новиот владин кабинет, откако претходно во недела ќе заседаваат партиските тела кои ќе треба да дадат пас за предложените министерски имиња од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.