Мицкоски и Таравари им посакаа на ДУИ да се адаптираат на новата опозициска улога

Им посакувам опозициски денови во кои ќе се реформираат, изјави премиерот Христијан Мицкоски за пораката на ДУИ до политичките опоненти од “Влен“ дека било крајно време да излезат од власта и да се борат за правата на Албанците. 

Осврнувајќи се на најавите од „Европскиот фронт“ за протести во претстојниот период, како и на нивните тврдења дека не се обидуваат да направат дестабилизација, премиерот истакна дека доколку тие протести се мирни сето тоа е во рамки на демократските процеси, но доколку преминат во насилство тогаш надлежните треба да ги одбранат институциите. И коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека Ахмети полека се навикнува во опозиција и според него потребна му е само адаптација.  

Од Европскиот фронт вчера испратија порака до политичките опоненти влен дека  било крајно време да излезат од власта и да се борат за правата на албанците. средбите со граѓаните, како што порача лидерот на ДУИ Ахмети ќе биле клучни за тоа како ќе делуваат понатаму. 

Од „Европскиот фронт“  најавија дека немаат намера да ја дестабилизираат државата, туку дека секојдневно ќе одржуваат прес-конференции на кои ќе ги посочуваат, „скандалите и неуспесите на владата“, и дека нема да има дестабилизација, туку протести.