Мицкоски и Филипче заедно против Ахмети во Кичево
После 12 години владеење на Дехари и ДУИ, Кичево доби нов градоначалник, докторот по општа медицина Александар Јованоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој титулата " градски татко' ја добива во втор обид откако еднаш т.е на изборите во 2021 не успеа да го порази Дехари иако и тогаш во првиот круг беше во значително водство.
После 4 години вчера со околу 2000 гласа разлика успеа да ја добие победата. Според податоците на ДИК за Јованоски гласале 14.228 граѓани додека за Дехари 12 208.Јованоски за ТВ 24 вели победата е најава за макотрпна работа, соживот и обединување во следните четири години за доброто на кичевчани.
Синоќа во Кичево се славеше,но од денес граѓаните веќе ќе очекуваат решавање на проблемите.Меѓу приоритетните затворање на депонијата и решенија за кучињата скитници.
Победата на Јованоски според премиерот Мицкоски значи дека градот се ослободил и дека почнува нова ера на обединување и развој.
Противникот Дехари најави обраќање за јавноста но се уште не му ја честиташе победата на Јованоски, а министерот за социјална политика Фатмир Лимани го опиша резултатот како „тажен ден“ за албанската заедница, споредувајќи го со „дождливи денови“, но целата вина ја лоцираше директно кај Дехари.
Инаку освен градоначалникот ВМРО- ДПМНЕ го освои и Советот во Кичево со 8 советници, 5 има НАИ, Влен 3ца, 2ца советници се од листата на Шкодран Аљили и еден советник има СДСМ.

