Мицкоски: Европската тројка вчера не рече изолација, туку задоцнување на процесот

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од Прилеп порача дека вчера европската тројка министри за надворешни работи кои беа во посета на Скопје, не кажале дека може да дојде до изолација на нашата земја доколку не ги изгласаме уставните измени.

Тој повтори дека доколку следната група дипломати од ЕУ што треба да дојдат во земјава наредната недела, доаѓа само за уставните измени, ќе биде многу разочаран и загрижен, бидејќи како што вели, на граѓаните ширум земјава последна работа на памет им се промените на Уставот.