До крајот на годинава е можен уште еден ребаланс на Буџетот, по оној кој беше донесен во јули годинава. Ова, како што рече Мицкоски, е поради помалку прибраните средства од акцизи и ДДВ, а коишто, според проценките на Владата, до крајот на годинава ќе бидат околу 97–113 милиони евра.
