Мицкоски да ги поддржи уставните измени и со тоа да покаже дека навистина е за европската агенда
Сите услови што Христијан Мицкоски ги постави за ВМРО-ДПМНЕ да поддржи уставни измени, се исполнети. Министрите од редовите на ДУИ поднесоа оставки кои ќе се ефектуираат откако ќе бидат усвоени уставните измени и со тоа се исполнува условот на Мицкоски, за учество во Влада без ДУИ.
Со измените на Уставот се забрзува процесот на интеграција во ЕУ, но истовремено се задржува примарната уставотворност на македонскиот народ и се става крај на тезата „еден народ две држави“ кои со децении ја промовираат одредени туѓи центри.