Мицкоски: Чебрен и Галиште ќе се градат со пари од британскиот заем и со приватни вложувања

Ставањето во функција на Хидроцентралите Чебрен и Галиште што како идеа е стара неколку децении и има пропаднато 14 тендери од 1992 досега, а би биле енергетски независни конечно најава дека ќе се градат.

Премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа за амбиенталниот воздух, рече дека овој проект ќе се гради со пари од британскиот пакет како заем и приватни инвестиции. Потребни ќе биле околу 1,3 милијарди евра. Овие зафати може да потраат и неколку години вели премиерот Мицкоски, но освен за производство на струја, овие акумумации ќе помогнат во неколку аспекти од животот.

За справување со аерозагадувањето и животната средина премиерот вели дека освен двете хидроцентрали, работат и на објавување јавна набавка и за 120 - те електрични автобуси, а во Владина процедура е и  усогласувањето на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.

Изградбата и модернизација на железничката инфраструктура на Коридорите 8 и 10 пак е неопходна за сообраќајно поврзување на регионот. Овие работи не се завршат преку ноќ, поради децениското стоење во место, но работите се придвижуваат реферираше Мицкоски пред собраниската комисија за здраство.