Мицкоски: Блокираме за да го спасиме РЕК Битола од затварање

На обвинувањата од СДСМ одговори Мицкоски кој вели дека вистината за овој случај е поинаква.  

-Од СДСМ ме обвинија дека во услови на криза по мој налог пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ блокирале закон за заем од 100 милиони евра за справување со енергетската криза истовремено преку нивните инсталации во опозицијата повторно ме обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ недоволно блокирало во парламентот и бараат од нас да го напуштиме парламентот.  А каква е вистината? Имено, коалицијата СДСМ и ДУИ предлага закон за заем од 100 милиони евра во парламентот. Заем за кој гарант е државата под услови и рокови дефинирани со договорот за заем. Каматната стапка на заемот е: шест месечен еурибор плус маргина од 1%, плус  еднократна провизија од 1% или вкупно околу 4,3%, пишува Мицкоски на Фејсбук. 

Тој порачува дека блокираат за да спасат 4000 директни работни места и дека блокираат за да го спасат  РЕК Битола од затварање.