Мицкоски: Ајде на брзи избори во мај, без техничка влада

ВМРО-ДПМНЕ му кажа НЕ на Груби. За претседателот на партијата, Христијан Мицкоски понудата на Артан Груби прво да се изгласаат уставните измени, а потоа да се оди на предвремени избори е неприфатлива. Мицкоски вели дека ставот на неговата партија е принципиелен. Ниту учествувале во преговорите за францускиот предлог, ниту презеле обврска за негово исполнување. Сега, ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори и тоа без техничка влада.

„Затоа јас има контра предлог до нив, да не ја мачат македонската јавност, да престанат да крадат, да се охрабрат и ако мислат дека добро правеле изминатите години и изминатите месеци, еве во мај, не мора 100 дена техничка влада, еве и тоа им го овозможуваме, да одиме на избори и секоја политичка партија да понуди решение за проблемот во кој што ја втурнаа Македонија“, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.