Мицкоски: 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои останаа дома не се никакво зло
Foto

Мицкоски: 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои останаа дома не се никакво зло

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека оние 400-ни илјади кои не гласаа за Заев и оние милион гласачи кои останаа дома не се никакво зло, туку тоа е Македонија која се обедини против него.

- Зоран Заев во писмото кое го напишал и испратил до неговото членство, на индиректен начин вика дека тие што не гласале за него, биле злото. Јас не мислам така, јас велам тие 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои одлучија да останат дома не се никакво зло, тоа е Македонија. Тоа е Македонија која бара помени и иднина. Македонија која се обединува против Заев и вели доста е. Доста е од се што до сега видовме, истакна Мицкоски.

0 Коментари

Остави коментари