МФ: Издадена 22-та емисија обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра

Министерството за финансии ја издаде 22-та емисија на обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 1 јануари 2022 до 31 декември 2022 година.

Номиналната вредност на една обврзница е едно евро, а каматната стапка е два процента годишно. Според Министерството за финансии, имателите на обврзници за денацонализација, исто така, може да ги користат и за отплата на становите во општествена сопственост. Досега се издадени 21 емисија на обврзница за денационализација на износ од 391,2 милиони евра.