МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг BB+ со стабилен изглед

Министерството за финансии соопшти дека агенцијата „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на BB+ со стабилен изглед.

Од Министерството велат дека оценката ги потврдува позитивните економски перспективи и отпорноста на македонската економија. „Фич“ регистрира економски раст од 4,3% во вториот квартал од 2026 година, како и раст на капиталните инвестиции од 40%.

Според Министерството, потврдениот рејтинг е позитивен сигнал до инвеститорите и меѓународните финансиски пазари. Владата најавува продолжување на политиките за економски раст, инвестиции, структурни реформи и постепена фискална консолидација.