Метрополите блескаат - Скопје меѓу 10-15 декември почнува да се украсува

18 дена до новата година - на скопскиот плоштад ниту Л од лампион што би потсетувало на почеток од најавеното бесплатно новогодишно украсување кое го најави градоначалничката Данела Арсовска.

Наместо новогидишно украсување на плоштадот засега само спомениците од проектот „Скопје 2014“. Граѓаните кои ги анкетиравме велат дека заслужуваат да го видат градот во својата новогодишна еуфорија налик на украсените светски метрополи кои веќе се погрижија за граѓаните да ја почувствуваат новогодишната еуфорија. 

Други пак мислат дека не треба да се трошат парите на украсување.

Градоначалничката Данела Арсовска, претходно најави дека го раскина договорот со фирмата „Линк медиа“ но дека истата фирма без пари ќе го украсува градот. Првично најави дека на 10 декември ќе започне украсувањето.  Од фирмата „Линк медиа“ побаравме одговор кога ќе започнат со украсување за одговор не пренасочија во Град Скопје.Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска – зошто се уште не почнале да го украсуваат градот но и кога ќе започнат со исполнување на заложбата која ја даде Арсовска за бесплатното новогодишно украсување велат дека: 

„Согласно меморандумот за соработка кој што е склучен, украсувањето треба да се изврши од 10 до 15 декември.“- велат од Град Скопје.

Во меѓувреме, на терен ништо не наговестува на некаков почеток на бесплатното новогодишно украсување.