Место реконструкција на постоечката, Дојран ќе гради нова пречистителна станица
Foto

Место реконструкција на постоечката, Дојран ќе гради нова пречистителна станица

Место реконструкција на постоечката, општина Дојран ќе гради нова пречистителна станица.  Анализите покажале дека изградба на нова станица со поголем капацитет според новите стандари ќе значи и помали трошоци бидејки постоечката  е веќе дотраена и бара огромни средства за одржување.

Првиот човек на Дојран Ангов вели дека средствата одобрени од Владата од пред година дена ќе бидат насочени токму кон изградба на нова станица  се со цел заштита на квалтиетот на водата во езерото.

Наесен се очекува да отпочнат работите за изградба на новата пречистиелна станица при што ќе се санира и колекторскиот систем. Тој заедно со станицата се стари 40 години и преставуваат проблем при тековното одржување. Градоначалникот Ангов вели дека првата фаза ќе чини 3 милиони евра а парите се обезбедени од Владата. Но ќе се бара средства и од европските фондови.

Општината интензивно работи и на изнаоѓање дополнителни извори за водоснабдвуање. Се очекува да се прават нови бушотини на меснсота Топлец а догодина се планира да отпочне проектот и за снабдување вода од Црничко поле каде направени се истражувања и било констатирано дека има доволни количини вода.

0 Коментари

Остави коментари