Месната индустрија бара намалување на царините - за да поевтини месото

За да се намали цената на домашните месни производи за 10 до 15 потребно е увозот на свинското месо да биде без царина, а додека правилата за добивање субвенционирана струја мора да се објават јавно и јасно и да важат еднакво за сите правни субјекти од секоја соодветна гранка велат од Групацијата за преработка на месо и производи од месо. 

И додека дел од месото се намалува за 5 проценти, дел од компаниите се пожалија се одбиени за субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици. Овој проблем, како што посочуваат од ЕСМ продажба е решен, фирмите кои имаат поставени фотоволтаици, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба. 

ЕСМ Продажба 

„ЕСМ Продажба, кој ќе ги снабдува по субвенционирана цена од 80е/MWh, ќе ги откупува нивните преостанати количини по цена од 80 евра минус 10%. Договорите со петте фирми ќе бидат потпишани во текот на денот, и ќе важат од денеска.“ - велат од ЕСМ Продажба.

Поевтините прехранбени производи треба да бидат резултат на владните поволности за поевтина струја на прехранбените компании. Министерот за економија Крешник Бектеши се закани со мерки против фирмите кои нема да ја поевтинат храната.