Меси ја спаси Аргентина од пораз на пријателскиот дуел со Уругвај
Foto

Меси ја спаси Аргентина од пораз на пријателскиот дуел со Уругвај

Репрезентација на Аргентина одигра нерешено 2:2 на пријателски натпревар со Уругвај синоќа во Тел Авив.

Уругвајците беа на прагот да слават победа, но фудбалерот на Барселона, Лионел Меси со гол од пенал во судиското надополнување ги постави конечните 2:2.

Претходно Меси му асистираше на Серхио Агуеро (63. минута) за во тој момент 1:1.

Головите за Уругвај ги постигнаа Едисон Кавани во 34. и Луис Суарез во 68. минута.

0 Коментари

Остави коментари