Меси го повтори рекордот на Маскерано за Аргентина
Foto

Меси го повтори рекордот на Маскерано за Аргентина

Капитенот на Аргентина, Лионел Меси го изедначи рекордот на Хавиер Маскерано по бројот на натпревари во националниот тим.

Меси се најде во почетната постава за натпреварот од Купот на Америка против Парагвај одигран ноќеска во Бразилија. Ова беше 147. натпревар во репрезентацијата на Меси.

Аргентина победи со 1:0 со голот на Гомез во 10. минута.

По три кола во А-групата, Аргентинците се лидери на табелата со 7 бода и веќе обезбедија пласман во четвртфиналето.

0 Коментари

Остави коментари