Мешањето на државата во пазарната економија никогаш не дава позитивни резултати
Државата мора да работи на мерки кои ќе ја подобрат конкурентноста и продуктивноста на компаниите од приватниот сектор. Со мешање во работата на фирмите само се прават грешни потези кои не даваат резултати, ниту на краток рок. Тоа се докажа повторно со ограничувањето на маржите во трговијата.
Професорката Даниела Бојаџиева за телевизија 24 вели дека подобро да се воведат социјални пакети отколку да се интервенира во маржите на трговците.