Месечната просечна плата намалена за 1100 денари
48 381 денари, толку изнесувала просечната плата во Македонија исплатена во јуни годинава. Тоа значи дека за 1.163 денари јунската плата е помала од таа што била просечна во мај, однсоно 49.544 денари, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
На годишно ниво процентуално просечната плата е зголемена за 6,4 отсто. Ова се најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според извештајот, годишниот раст на просечната плата се должи пред се поради зголемувањето на платите во административните и услужни дејности кои пораснале за речиси 11 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за над 8 % и Транспорт и складирање за 8 % раст на плата.
Државен завод за статистика
„Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9.0 %, уметност, забава и рекреација за 6.2%, и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9%.“
Економистите сметаат дека ваквото зголемување на висината на платите е само на хартија. Инфлацијата според нив одамна го изеде ваквиот раст и затоа нема ниту подобрување на куповната моќ, ниту подобрување на животниот стандард.
Абил Бауш економист
„Просекот не го чувствуваат сите. Тука мора да се објасни, Има луѓе кои живеат со минимална плата, има човеќе кој заработува 30-35 илјади денари, и тој има друга реалност со некој кој има 70 или 80 илјади денари нели. Добра вест е што платите растат но дека инфлацијата ја изеде таа плата, да ја изеде. “
И покрај континуираниот раст, Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата. Подобро од нас заработуваат работниците во Србија, и добиваат во просек 945 евра месечно, во Босна и Херцеговина просечната плата изнесува 815 евра, во Црна Гора 1.018, во Хрватска 1.500 и во Словенија н 1.630 евра месечно.

