Месец и пол жителите на селото Усје немаат вода за пиење

Наместно низ чешмите водата во селото Усје протекува низ јавните површини и дворовите на жителите, кои поради ваквата состојба во текот на денот остануваат и без вода за пиење. 

Веќе месец и половина жителите на селото Усје поради пукната цевка низ која тече вода за пиење живеат во поплавени улици  и во кал. Тие велат и дека во  вечерните часови остануваат и без вода за пиење, а и таа  што ја имаат се сомневаат дека е загадена поради тоа што доаѓа преку истиот водоводен систем кој сега има дефект. Жителите за ТВ 24 велат дека повеќе од  20 пати го пријавиле овој проблем во Водовод, оттаму кратко им им одговориле дека екипа ќе дојде но, од надлежните се уште  нема никаква реакција. 

„Пред 3 месеци се пукнати цевки. Пукната цевката на три места, јавувано во водовод може преку 20 пати никако да дојдат да се санира. Губење на голем притисок на водата е во населбата што се вика ние тука на највисоката точка сме горе доаѓа поручек после 6-7 саат вода да нема. И уште колку ќе се продолжи овој проблем а целото време се вика да се штеди вода да се штеди вода да не се троши без потреба а вамо од нивна страна вода дневно тече кочку цена населба вода што ќе потроши“, вели еден од жителите.

„Се соочуваме што во вечерните часови притисокот се намалува а видете водава колку тече. Водата наместо да иде во резерварот горе иде по патов надолу. значи ние може водовод сметките да ги плаќаме а не можат да дојдат да го отклонат дефектот која водава мислам дека треба да се штеди ако јас перам кола ќе дојде ќе ме казни а ова кој го гледа што тече вака“, вели друг жител на Усје.

Од ЈП Водовод за Телевизија 24 велат дека санирањето на пукнатата цевка низ која тече пивка вода ќе биде до крајот на оваа недела. Во однос на намалувањето или прекинувањето на водоснабдувањето во поладневните часови апелираат рационоално користење на вода, бидејќи нерационалното користење доведува до прекин или намалување на притисок на високите места. 

„Во однос на вашето прашање за село Усје, Ве известуваме дека пријавите за дефектите се регистрирани и истите се ставени во работен план за санирање за до крајот на оваа недела“, велат од ЈП Водовод и Канализација – Скопје.

Само пред неколку дена центарот за граѓански комуникации објави извештај во кој се наведува дека се губи над 50 проценти од водата за пиење, за штетата да биде уште поголема Скопје е меѓу ретките градови во Европа кој има квалитетна и исправна вода за пиење .

„Најмногу вода за пиење во апсолутна загуба се губи во Скопје, дури 63 милиони метри кубни годишно, што е 43 % од целата загубена вода во земјава. Следат Гостивар, Тетово и Кичево“, информираа од Центар за граѓански комуникации.

Ваквите примери како овој во скопско Усије ја покажуваат за начинот на кој се генерираат загуби на пивка вода што влијае и врз влошување на кондицијата на јавното претпријатие. Последното меѓународно истражување за квалитетот на водата покажало дека скопската вода е втора по квалитет во Европа веднаш зад водата што ја конзумираат во Виена.